Lynase® спреј за нос

LYNASE® хипертоничен спреј за нос збогатен со лизозим

LYNASE® хипертоничен спреј за нос збогатен со лизозим, се препорачува кај ЗАТНАТ НОС кај секоја особа која е на возраст над 1 година. LYNASE® хипертоничен спреј во контакт со слузницата во носот делува така што активно го извлекува вишокот на вода од мукозните мембрани, со што се намалува отокот во носната слузница. Освен тоа, LYNASE® хипертоничниот спреј го разредува густиот, леплив секрет во носот, ја чисти носната шуплина од прашина, загадување, алергени, микроорганизми... LYNASE® хипертоничниот спреј е единствен спреј за нос кој е збогатен со лизозим – состојка од природно потекло, која се создава по природен пат во носниот секрет и претставува најважен фактор во природниот имунитет во носот. Лизозимот во носната шуплина функционира така што ги забрзува движењата и ја стимулира активноста на епителните ресички (цилии), кои помагаат во чистењето на носната шуплина од насобраниот секрет и онечистувањата со што се олеснува дишењето. Лизозимот во носот делува антибактериски, антивирусно, антиалергиски, имуномодулаторно, противвоспалително, делува прорегенеративно, на начин што ја забрзува регенерацијата на оштетената носна слузница. LYNASE® хипертоничниот спреј за нос се препорачува:
  • Кај затнат нос, каде постои отежнато дишење за време на настинка (вирусен ринитис), алергиски ринитис, синуситис или грип;
  • Во случај кога класичните деконгестиви* се контраиндицирани (на пр. болести на штитната жлезда, висок крвен притисок, болести на срцето, шеќерна болест);
  • За подобрување на ефикасноста на класичните деконгестиви и намалување на времетраењето на нивното користење.
Во зависност од намената, LYNASE® спрејот за нос може да се употреби самостојно, како алтернатива на класичните (хемиски) деконгестиви (локални кортикостероиди, антихистаминици, вазоконстриктори) или во комбинација со нив. LYNASE® спрејот нема ограничување во должината на употреба , бидејќи, благодарение на составот од природно потекло, не ствара зависност ниту предизвикува несакани дејства. *Деконгестиви се лекови кои го намалуваат отокот на слузницата на носот, непроодноста на носот, како и нелагодното и обилно воденесто истекување на секрет.

Во кое годишно време е најголема потребата за LYNASE® спреј?

Najveća potreba za LYNASE® sprejom

LYNASE® хипертоничниот спреј за нос можеме да го користиме во тек на целата година, меѓутоа потребата од него е многу поголема во текот на есента и зимата, односно во сезоната на настинки и грип, како и во пролет поради зачестените симптоми на сезонски алергиски ринитис.