FAQ
Производот Lysobact ® ми е познат од порано. Го користат моите дома кога имаат болка во грлото. Прочитав и видов дека во состав на Lysobact ® -от влегува лизозим. Кога прочитав за спрејот LYNASE® , видов дека лизозимот влегува во состав и на овој спреј. Зошто Lysobact ® го користиме кај болки во грло, а спрејот LYNASE® , кој ја содржи истата компонента, при заболувања на носот?
Лизозимот е состојка која е составен дел на плунката, но и на носниот секрет од каде и прв пат е откриен од Александар Флеминг. Исто така, лизозимот е присутен и во другите секрети и телесни течности, како што е мајчиното млеко, вагиналниот секрет и сл. Лизозимот кој се наоѓа во носната шуплина делува така што ги забрзува движењата и поттикнува активност на носните влакненца. Подобрувајќи ја подвижноста на влакненцата, помага во чистење на носната шуплина од насобирање на секрет, прашина, нечистотии, суви наслаги, причинители на инфекции и алергии, а со тоа ја одржува здрава функцијата на носната слузница. На ист начин делува лизозимот кој влегува во состав на LYNASE® спрејот. Покрај улогата која ја има во зачувување на функцијата на носните влакненца и слузницата на носот, лизозимот делува и директно против воспаленија, делува против бактерии, го забрзува заздравувањето на оштетената носна слузница, исто така влијае и на зголемена отпорност на носната слузница во борба против настанување на заболување. Овие својства ги има и лизозимот кој влегува во состав на Lysobact ® пастилите кои се применуваат во третирање на болки во грлото и сите други заболувања на усната шуплина.
Имам дете од 7 години. Дали спрејот LYNASE® може да се користи кај деца?
LYNASE® спрејот може да се користи кај деца постари од 1 година. LYNASE® спрејот на децата им го аплицира повозрасна особа (родител, старател итн.) така што малото дете треба да биде во лежечка положба и спрејот се нанесува на начин кој е опишан во упатството.
Што значи хипертоничен раствор?
Хипертоничен раствор е раствор кој во својот состав има поголема концентрација на сол во споредба со физиолошките течности во човековиот организам, т.е. течности кои се составен дел на нашиот организам. Кога течноста со зголемена содржина на сол ќе се нанесе на отечената слузница на носот, брзо и ефикасно го извлекува вишокот на содржина на вода, при што на тој начин врши дренирање на слузницата. Вишокот на течност се елиминира од слузницата, отокот на носот многу брзо се намалува, што резултира со олеснување на дишењето. Дренирањето, т.е. извлекувањето на вода настанува поради тоа што солта која е составен дел на производот ја привлекува водата преку процесот на осмоза. LYNASE® спрејот како хипертоничен раствор токму поради овој ефект е наменет за особи кај кои е отежната нормалната, физиолошка функција на слузницата на носот. LYNASE® спрејот кој е хипертоничен раствор, благодарејќи на овој ефект, многу брзо ги олеснува тешкотиите кај затнат нос без да развие толеранција, т.е. зависност после повторно користење или подолготрајна употреба, не постои ограничување на должината на употреба, затоа што не доведува до оштетување на носната шуплина. LYNASE® спрејот делува благотворно на слузницата на шуплината на носот одржувајќи ја нејзината функција во физиолошки рамки.
Од друга страна, изотоничниот раствор содржи иста концентрација на сол како течностите кои се составен дел на нашиот организам. Изотоничниот раствор во состав на спреј за нос помага во зачувување на влажноста на слузницата на носот.
Познато ми е дека некои спрејови за нос како и капки за нос не смеат да се користат подолго од 7 дена. Дали спрејот LYNASE® може да се користи подолго од оваа препорака?
Ограничувањето во употреба во период до 7денови се однесува на класичните деконгестиви во облик на капки или спреј за нос. Овие производи го намалуваат отокот на слузницата на носот и лачењето на секрет така што ги стеснуваат крвните садови во слузницата на носот. Меѓутоа, откако ќе престанат да делуваат, може да следи реактивно ширење на капиларите и повторно лачење на секрет од носот и тоа со засилен интензитет. Покрај тоа, многу често и долготрајно користење неповолно влијае на слузницата, бидејќи ја суши и може да предизвикува оштетување и пореметување на функцијата. Поради сето ова, важно е употребата на вакви производи да се ограничи на краток период до 3 дена. Исто така, ваквите производи најдобро е да се применуваат само по препорака на лекар, бидејќи посебно внимание е потребно кај мали деца, кај кои примената на класичните деконгестиви треба да се избегнува. LYNASE® спрејот не подлегнува на вакви ограничувања, затоа неговата примена се препорачува и до 14дена во континуитет, со претпоставка дека 14 дена е доволно време да се санира процесот кој се третира.
Дали LYNASE® спрејот може да се употребува истовремено со други производи за нос (спреј, капки) кои ми ги препиша лекарот?
Една од предностите на LYNASE® спрејот е дека може да се применува во комбинација со производи за нос како што се:
- Производи кои се препишуваат во случај на хронична бактериска инфекција на носот, најчесто бактериско воспаление на слузницата на носот – ринитис);
- Антихистаминици (се применуваат во случај на алергии);
- Деконгестиви и вазоконстриктори (ја намалуваат затнатоста на носот)
- Кортикостероиди (го смируваат воспалението и се препишуваат во случаи на потешки алергиски и други заболувања на горниот респираторен тракт).
Употребата на LYNASE® спрејот се препорачува истовремено со наведените лекови. По своето дејство LYNASE® спрејот има својство со природен механизам да го извлекува вишокот на течности од оштетената слузница и ткиво на носната шуплина и да го разредува густиот секрет во носот, што е присутно кај многу воспалителни состојби на слузницата на носот кај кои се применуваат деконгестиви, антихистаминици, како и кортикостероиди. Од друга страна природната компонента лизозим која е присутна во состав на LYNASE® спрејот по своето делување претставува состојка која делува против бактериите. Исто така, истовремена употреба со антибиотици го забрзува нивното дејство. Затоа LYNASE® спрејот се препорачува да се употребува истовремено со антибиотски капки или спреј за нос, со што би се постигнал посилен конечен антибактериски ефект.