УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТОТ

 

LYNASE® Спреј за нос

Почитувани корисници!

Ве молиме пред употребата на медицинското средство внимателно да го прочитате упатството бидејќи тоа содржи важни информации за Вас.

  • Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
  • Ако имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
  • Доколку забележите некое несакано дејство, разговатајте со Вашиот лекар или фармацевт. Ова ги вклучува сите можни несакани ефекти и кои не се наведени во ова упатство.

 

Што е LYNASE®Спреј за нос и како делува

LYNASE спреј за нос е хипертоничен раствор збогатен со лизозим. LYNASE спреј за нос има својство со природниот механизам на осмоза да го извлече вишокот на течност од отечените слузници и ткива на носната шуплина и да го разреди густиот секрет во носот. Кај нормална слузница на носот, спрејот има функција на влажнење и заштита. Лизозимот е природна компонента присутна во телесните секрети како што се слузта, солзите, плунката. Во носната шуплина делува така што ги забрзува движењата и ја стимулира активноста на трепкастите епителни клетки (цилии) и на тој начин помага во чистењето на носната шуплина од насобраниот секрет, прашина, нечистотија, суви наслаги, крусти, алергени и инфективни супстанции.

 

Кога се употребува  LYNASE® Спреј за нос

Во зависност од намената, LYNASE спреј за нос може да се употребува самостојно, како алтернатива на класичните (хемиски) деконгестиви (локални кортикостеориди, антихстаминици, вазоконстриктори) или во во комбинација со нив.

  • Кај затнат нос пропратен со отежнато дишење поради настинка (вирусен ринитис), алергиски ринитис, синузитис или грип;
  • Во случаи кога се контраиндицирани класичните деконгестиви (пр. болести на штитната жлезда, висок крвен притисок, болести на срцето, шеќерна болест);
  • За подобрување на ефикасноста на класичните деконгестиви и намалување на времетраењето на нивната употреба;
  • За спречување (превенција) на развој на секундарни инфекции на увото, носот и грлото (ОРЛ инфекции) и комплликации, пр. отитис (воспаление на увото);
  • За секојдневна хигиена на слузницата на носот (пр. во загадено опкружување);
  • а навлажнување на слузницата на носот (пр. во климатизирани или неправилно загревани простори).

Со оглед на тоа што LYNASE спреј за нос ја подржува физиолошкатa состојба на носната слузница и нема системски ефекти, тој е соодветен за возрасни и деца постари од 1 година.

 

Кога не смее да се употребува LYNASE® спреј за нос?

LYNASE спреј за нос немојте да го употребувате кај преосетливост (алергија) на неговите состојки.
Лицата кои се преосетливи (алергични) на белка од јајце не би требало да употребуваат LYNASE спреј за нос.

Кои се мерките на претпазливост во текот на употребата на LYNASE® спреј за нос?

Само за употреба во нос (назална употреба).
Од хигиенски прични и заради намалување на можноста од инфекции, препорачливо е спрејот да го користи само едно лице..

 

Дали LYNASE® спреј за нос смее да се употребува во текот на бременоста и периодот на доење?

Нема достапни податоци кои би упатувал на тоа дека употребата на LYNASE спрејот за нос во текот на бременоста и периодот на доење би можела да има штетни последици.

Како се употребува LYNASE® спреј за нос?

Дозирање

  • Возрасни и деца на возраст од 5 години и постари: 1 или 2 распрскувања во секоја носница, два до три пати на ден.
  • Деца на возраст од 1 до 5 години: 1 распрскување во секоја носница, два до три пати на ден.

Начин на употреба

Пред секоја употреба на LYNASE спреј за нос се препорачува темелно да се издува носот.

  1. Симнете го заштитното капаче (Слика 1).
  2. Kako se primjenjuje LYNASE® sprej za nos? (Slika 1)

  3. Шишенцето со спрејот треба да го држите со три прста. Показалецот и средниот прст се поставуваат на горната површина на работ на апликаторот за нос, додека со палецот се придржува дното на шишенцето. Држејќи го шишенцето од спрејот исправено, притиснете неколку пати према долу како би ја активиралее спреј пумпата (Слика 2).
  4. Kako se primjenjuje LYNASE® sprej za nos?(Slika 2)

  5. Врвот на апликаторот за нос нежно ставете го во носницата, а потоа 1 или 2 пати кратко и силно притиснете према долу. Во моментот на распрскувањето треба полека да вдишете преку носот, а да издишете преку уста. Истата постапка треба да ја повторите и во другата носница (Слика 3).
  6. Kako se primjenjuje LYNASE® sprej za nos?(Slika 3)

  7. После употребата, со чисто хартиено марамче внимателно избришете го апликаторот за нос. Повторно ставете го заштитното капаче (Слика 4).
  8. Kako se primjenjuje LYNASE® sprej za nos?(Slika 4)

    Начин на употреба кај деца на кои им е потребна помош при употребата на спрејот

    Децата треба да се постават во полулегната положба, а потоа да се примени претходно опишаната постапка.

    Водете сметка применетата доза да одговара на возраста на детето.

 

Колку долго смее да се употебува LYNASE® спреј за нос?

Ако после 14 дена од неговата употреба не дојде до подобрување, треба да побарате совет од Вашиот лекар или фармацевт.

 

Кои се можните несакани дејства на LYNASE® спреј за нос?

LYNASE® спреј за нос не предизвикува несакани дејства како што се навикнување и повратен ефект.

Со препорачаната употреба, не се очекуваат несакани дејства на LYNASE спреј за нос.

Во случај на појава на иритација или алергиска реакција, треба да ја прекинете употребата на LYNASE спреј за нос и да се јавите на Вашиот лекар.

 

Како да го чувате LYNASE® спреј за нос?

LYNASE® спреј за нос мора до го чувате подалеку од дофат и поглед за деца.

Начин на чување: Да се чува на температура до 25 °C. Да не се замрзнува.

Рок на траење: 24 месеца од датумот на производство.

LYNASE® спреј за нос не смее да се употребува по истекот на рокот на употреба наведен на пакувањето.

Дополнителни информации

Состав на LYNASE® спреј за нос: Прочистена вода, натриум хлорид, лизозим хлорид, пропиленгликол, натриум едетат, натриум хидроксид, метилпарахидроксибензоат, пропилпарахидрокси-бензоат.

Како изгледа LYNASE® спреј за нос и содржина на пакувањето

LYNASE® спреј за нос е бистар безбоен раствор.

LYNASE® спреј за нос е спакуван во кафеави стаклени шишенца од 30 ml , со пумпичка со апликатор за нос и заштитно капаче.
Пумпичката ослободува 0,14 ml при секој притисок.
Шишенце содржи 30 ml раствор.

Име и адреса на носителот на решението во Република Северна Македонија:

Претставништво БОСНАЛИЈЕК д.д.,  во Р. Македонија,

Булевар Партизански Одреди Бр. 101 Скопје, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

Име и адреса на производителот

Bosnalijek d.d., Јукичева 53, Сараево, Босна и Херцеговина.

Начин на издавање на медицинското средство

Медицинското средство може да се издава  во аптеки и специјализирани продавници без лекарски рецепт (БР).

Број и датум на решениe

14-8367/2 од 02.10.2019

Датум на последна ревизија на упатството за употреба

Септември, 2019 година.