ЛИЗОЗИМ ВО СЕКРЕТОТ ОД НОСОТ

Општо, секретот од носот игра многу важна улога во филтрирање на вдишаниот  воздух, а се состои пред сѐ од вода (95%), гликопротеини (2%), како и други протеини вклучувајќи албумин, имуноглобулини, лизозим (1%), неоргански соли и масти.

Лизозимот е базен протеин со ензимска функција. Поради ензимската функција и антибиотското дејство во литературата често се нарекува „ензибиотик“. Лизозимот е единствена состојка од природно потекло, значаен фактор на природниот имунитет, кој со своите повеќекратни корисни тераписки дејства помага во заштита и оздравување на слузницата на носот.

Основата на фармаколошкиот ефект на лизозимот го сочинуваат три вида на делување:

  1. Способност да го контролира растот на бактерии, без да развие резистентност,
  2. Антивирусно дејство,
  3. Имуномодулаторно дејство.

Освен наведените, основни дејства, лизозимот има и антиинфламаторно, антиалергиско и прорегенеративно дејство, благодарение на кои  овозможува забрзано обновување на оштетената слузница.

Со оглед дека носот претставува „влезна врата“ за микроорганизмите од надворешната средина, лизозимот во состав на носниот секрет претставува прва линија на одбрана на организмот , спречувајќи го задржувањето на микроорганизмите во носната шуплина како и нивното продирање во долните делови на респираторниот тракт.

Лизозимот е еден од најважните фактори на неспецифичниот локален имунитет, а неговата улога во организмот го оправдува името „ензим на иднината“.