УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТОТ

Број и датум на решениe

LYNASE® Спреј за нос

 

Почитувани корисници!

Ве молиме пред употребата на медицинското средство внимателно да го прочитате упатството бидејќи тоа содржи важни информации за Вас.

  • Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
  • Ако имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
  • Доколку забележите некое несакано дејство, разговатајте со Вашиот лекар или фармацевт. Ова ги вклучува сите можни несакани ефекти и кои не се наведени во ова упатство.

 

Што е LYNASE® Спреј за нос и како делува

 

LYNASE спреј за нос е хипертоничен раствор збогатен со лизозим. LYNASE спреј за нос има својство со природниот механизам на осмоза да го извлече вишокот на течност од отечените слузници и ткива на носната шуплина и да го разреди густиот секрет во носот. Кај нормална слузница на носот, спрејот има функција на влажнење и заштита. Лизозимот е природна компонента присутна во телесните секрети како што се слузта, солзите, плунката. Во носната шуплина делува така што ги забрзува движењата и ја стимулира активноста на трепкастите епителни клетки (цилии) и на тој начин помага во чистењето на носната шуплина од насобраниот секрет, прашина, нечистотија, суви наслаги, крусти, алергени и инфективни супстанции.

 

Кога се употребува  LYNASE® Спреј за нос

 

Во зависност од намената, LYNASE спреј за нос може да се употребува самостојно, како алтернатива на класичните (хемиски) деконгестиви (локални кортикостеориди, антихстаминици, вазоконстриктори) или во во комбинација со нив.

 

LYNASE спреј за нос се препорачува:

  • Кај затнат нос пропратен со отежнато дишење поради настинка (вирусен ринитис), алергиски ринитис, синузитис или грип;
  • Во случаи кога се контраиндицирани класичните деконгестиви (пр. болести на штитната жлезда, висок крвен притисок, болести на срцето, шеќерна болест);
  • За подобрување на ефикасноста на класичните деконгестиви и намалување на времетраењето на нивната употреба;
  • За спречување (превенција) на развој на секундарни инфекции на увото, носот и грлото (ОРЛ инфекции) и комплликации, пр. отитис (воспаление на увото);
  • За секојдневна хигиена на слузницата на носот (пр. во загадено опкружување);
  • За навлажнување на слузницата на носот (пр. во климатизирани или неправилно загревани простори).

Со оглед на тоа што LYNASE спреј за нос ја подржува физиолошкатa состојба на носната слузница и нема системски ефекти, тој е соодветен за возрасни и деца постари од 1 година.

 

 

Кога не смее да се употребува LYNASE спреј за нос?

 

LYNASE спреј за нос немојте да го употребувате кај преосетливост (алергија) на неговите состојки.

Лицата кои се преосетливи (алергични) на белка од јајце не би требало да употребуваат LYNASE спреј за нос.

 

Кои се мерките на претпазливост во текот на употребата на LYNASE спреј за нос?

 

Само за употреба во нос (назална употреба).

Од хигиенски прични и заради намалување на можноста од инфекции, препорачливо е спрејот да го користи само едно лице..

 

Дали LYNASE спреј за нос смее да се употребува во текот на бременоста и периодот на доење?

 

Нема достапни податоци кои би упатувал на тоа дека употребата на LYNASE спрејот за нос во текот на бременоста и периодот на доење би можела да има штетни последици.

 

Како се употребува LYNASE спреј за нос?

 

Дозирање

 

  • Возрасни и деца на возраст од 5 години и постари: 1 или 2 распрскувања во секоја носница, два до три пати на ден.
  • Деца на возраст од 1 до 5 години: 1 распрскување во секоја носница, два до три пати на ден.

 

Начин на употреба

 

Пред секоја употреба на LYNASE спреј за нос се препорачува темелно да се издува носот.

 

  1. Симнете го заштитното капаче (Слика 1).
(Slika 1)

 

 

2. Шишенцето со спрејот треба да го држите со три прста. Показалецот и средниот прст се поставуваат на горната површина на работ на апликаторот за нос, додека со палецот се придржува дното на шишенцето. Држејќи го шишенцето од спрејот исправено, притиснете неколку пати према долу како би ја активирале спреј пумпата (Слика 2).

(Slika 2)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

3.  Врвот на апликаторот за нос нежно ставете го во носницата, а потоа 1 или 2 пати кратко и силно притиснете према долу. Во моментот на распрскувањето треба полека да вдишете преку носот, а да издишете преку уста. Истата постапка треба да ја повторите и во другата носница (Слика 3).

(Slika 3)

 

 

 

 

 

 

4. После употребата, со чисто хартиено марамче внимателно избришете го апликаторот за нос. Повторно ставете го заштитното капаче (Слика 4).

(Slika 4)

 

 

 

 

 

 

Начин на употреба кај деца на кои им е потребна помош при употребата на спрејот

Децата треба да се постават во полулегната положба, а потоа да се примени претходно опишаната постапка.

Водете сметка применетата доза да одговара на возраста на детето.

Колку долго смее да се употебува LYNASE спреј за нос?

Ако после 14 дена од неговата употреба не дојде до подобрување, треба да побарате совет од Вашиот лекар или фармацевт.

Кои се можните несакани дејства на LYNASE спреј за нос?

LYNASE спреј за нос не предизвикува несакани дејства како  што се навикнување и повратен ефект.

Со препорачаната употреба, не се очекуваат несакани дејства на LYNASE спреј за нос.

Во случај на појава на иритација или алергиска реакција, треба да ја прекинете употребата на LYNASE спреј за нос и да се јавите на Вашиот лекар.

 

 

Како да го чувате LYNASE спреј за нос?

LYNASE спреј за нос мора до го чувате подалеку од дофат и поглед за деца.

Начин на чување: Да се чува на температура до 25 °C. Да не се замрзнува.

 

Рок на траење: 36 месеци  од датумот на производство.

LYNASE спреј за нос не смее да се употребува по истекот на рокот на употреба наведен на пакувањето.

 

Дополнителни информации

 

Состав на LYNASE спреј за нос

Прочистена вода, натриум хлорид, лизозим хлорид, пропиленгликол, натриум едетат, натриум хидроксид, метилпарахидроксибензоат, пропилпарахидрокси-бензоат.

 

Како изгледа LYNASE спреј за нос и содржина на пакувањето  

LYNASE спреј за нос е бистар безбоен раствор.

LYNASE спреј за нос е спакуван во кафеави стаклени шишенца од 30 ml , со пумпичка со апликатор за нос и заштитно капаче.

Пумпичката ослободува 0,14 ml при секој притисок.

Шишенце содржи 30 ml  раствор.

 

Име и адреса на носителот на решението во Република Северна Македонија:

Претставништво БОСНАЛИЈЕК д.д.,  во Р. Македонија,

Булевар Партизански Одреди Бр. 101 Скопје, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

 

Име и адреса на производителот

Bosnalijek d.d., Јукичева 53, Сараево, Босна и Херцеговина.

 

Начин на издавање на медицинското средство

Медицинското средство може да се издава  во аптеки и специјализирани продавници без лекарски рецепт (БР).

 

 

Број и датум на решениe

14-8367/2 од 02.10.2019

 

 

Датум на последна ревизија на упатството за употреба

Април , 2021 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Информации за LYNASE спреј за нос

Носот е прва одбранбена линија на дишниот систем

Носот е орган кој претставува почетен дел на дишниот систем. Внатрешноста на носот е обложена со слузница која е изградена од повеќеслоен епител, со два вида на клетки: клетки чија што површна е покриена со трепки или цилии и жлездени клетки кои лачат носна слуз (секрет). Цилиите се тенки, со око невидливи продолжeтоци на епителните клетки на носната слузница, кои се движат брзо во вид на бранови. Сите нечистотии заедно со слузта, со движењата на цилиите (таканаречен мукоцилијарен транспорт) се движат од носната шуплина према надвор или према ждрелото.

 

Основната функција на носот е респираторна (дишна). Човекот рефлексно дише преку носот (иако може и преку устата). Дишењето преку носот не само што е природно туку е и поефикасно, бидејќи овозможува брз проток на воздухот према долните делови на дишниот систем, но и навлажнување, греење и прочиистување на вдишаниот воздух.

 

Здравата носна слузница има заштитна улога

Кога постои недостаток на влага во носната слузница, таа повеќе не може да има заштитна функција, носните ходници стануваат суви, надразнети и често болни. Ако е слузницата на носот сува и надразнета, не може да ја остварува својата функција на чистење. Сувата и надразнетата слузница на носот е болна и предизвикува непријатност. Симптомите и знаците кои го следат сушењето на носот се јадеж, пецкање, кивање, создавање на крусти и крварење. Сувоста на носната слузница го зголемува ризикот од развој на инфекции.

 

LYNASE спреј за нос е хипертоничен раствор збогатен со лизозим. Со едноставен механизам на осмоза LYNASE спреј за нос го извлекува вишокот на течност од носните слузници и ткива и го разредува насобраниот густ секрет. Добро ја Затнат носпричини и последици

Најчеста причина за носна конгестија, односно послаба проодност на носот поради оток на слузницата е од воспалителна природа. Поради воспалението се шират капиларите во слузницата на носот, се насобира течност и воспалителни клетки во меѓуклеточниот простор, а тоа предизвикува отекување на слузницата и создавање на прекумерна количина на слуз. Пследица на ова е отежнат проток на воздух. Најчеста причина за воспаление се вирусите, поретко бактериите, а алергиите често пати може да бидат причина за хронична конгестија.

 

LYNASE спреј за нос

навлажнува слузницата и го стимулира мукоцилијарнот транспорт (движења на клетките) и така го чисти носот.

 

Својства и делување на LYNASE спреј за нос

  • Ја ублажува затнатоста (конгестијата) на носот со намалување на отокот (едемот) на слузницата на носот.
  • Го разредува густиот слузав секрет.
  • Ги чисти носните шуплини од насобраната слуз, прашина, разни нечистотии, исушени наслаги, крусти, алергени и инфективни супстанции.
  • Ја навлажнува сузницата на носот и ја ублажува сувоста на носот.
  • Помага во обновувањето на природната функција на слузницата на носот.

 

LYNASE спреј за нос го подобрува квалитетот на живот бидејќи го ублажува и скратува времетраењето на симптомите поврзани со затнувањето на носот (пр. пецкање, јадеж, иритација, болка, кивање, чувство на притисок во подрачјето на синусите и др.).