ДАЛИ И НОСОТ МОЖЕ ДА ЗАБОЛИ?

ZAPUŠEN NOS ILI NOSNA KONGESTIJA

Поради анатомската положба и функционалната разновидност, носот често е изложен на различни заболувања. Многу чест симптом на заболување во носот е т.н. затнат нос.

Зошто носот се затнува?

Затнатиот нос или носна конгестија е состојба на отекување на слузницата на носот т.е. ткивото кое ја обложува внатрешната страна на носот.

Слузницата која го обложува носот од внатрешната страна е влажна и не е надразнета, па како таква претставува препрека за појава на болести. Влакненцата при влезот во ноздрите се важни за отстранување на поголемите честици. Воздухот кој поминува низ носните ходници наидува на многу препреки, како што се носните школки и носната преграда. Секогаш кога воздухот ќе наиде на некоја препрека, го менува правецот на движење. Честичките кои се наоѓаат во возухот имаат поголема маса и инерција, па не можат да го променат правецот на движење толку бргу како воздухот. Тие продолжуваат во ист правец и удираат во препреките каде се лепат на слузта, па со помош на влакненцата се префрлуваат во грлото. На тој начин, преку голтањето се отстрануваат од дишните патишта. Навлажнувањето или сушењето на воздухот се контролира со промените во протокот низ крвните садови и секрецијата на слузницата на носот. Надразнета и сува слузница предизвикува нелагодност и го зголемува ризикот од навлегување на иританси поради што настанува пореметување во нејзината функција. Кога ќе се промени функцијата на слузницата на  носот и нејзините составни компоненти, пред сѐ носните влакненца или цилии, тогаш настанува одредено заболување. Доаѓа до промена на протокот на крв во малите крвни садови во слузницата на носот и до насобирање на течност во носната слузница. Поради задржување на течност во слузницата, таа отекува, т.е. настанува оток или конгестија на слузницата на носот. Поради оток во слузницата на носот, носот станува сѐ помалку прооден што има за последица помала или поголема затнатост. Оваа состојба се нарекува затнат или блокиран нос.

Како настанува затнат нос?

 

Најчести причини за затнат нос

Најчести причини за затнат нос ce:

  • Инфекција на слузницата на носот од вирусна и бактериска природа (инфективен ринитис),
  • Алергија (т.н. алергиски ринитис),
  • Воспаление на синуси (синуситис).

Од неинфективни фактори кои придонесуваат да дојде до затнат нос, сувиот воздух се наведува како честа причина.

Непроодност на носот создава проблеми и може да биде предуслов за развој на компликации на болестите на респираторниот систем, но и проблеми во мирисот, слухот и говорот.

ЗАТНАТ НОС ПОРАДИ НАСТИНКА

Ринитисот е воспаление на слузницата на носот најчесто предизивикан од вируси и како таков, ринитисот најчесто се јавува во рамки на вирусните воспаленија на горните дишни патишта, како што се настинката и грипот. Ринитисот може да биде предизвикан и од бактерии во рамки на компликации со вирусни воспаленија на горните респираторни патишта, како т.н. секундарна суперинфекција.

Покрај затнат нос, кај вирусен ринитис се јавуваат често и останати симптоми:

  • Воден секрет од носот
  • Кивање
  • Чешање на носот
  • Пецкање на грлото и непцата

Запушениот нос може да предизвика главоболка, болка во уво, да биде причина за болка во пределот на лицето, да го намали квалитетот на сон и секојдневните животни активности.

ЗАТНАТ НОС ЗАРАДИ АЛЕРГИИ

Алергискиот ринитис или алергиска кивавица е воспаление на слузницата на носот која не можеме да ја препишеме на настинка или воспаление на синусите туку на делување на алергени, т.е. состојки од надворешната средина кои може да предизвикаат преосетливост, т.е. алергиска реакција на слузницата на носот.

Алергискиот ринитис претставува реакција на преосетливост на слузницата на носот која резултира со ослободување на состојка, т.н. хистамин кој движи цела низа реакции како последица на што доаѓа до воспаление на слузницата на носот. Затнатиот нос поради оток, т.е. едематозно задебелување на слузницата на носот, претставува еден од честите симптоми на алергиски ринитис.

Кај некои луѓе симптомите на алергиски ринитис се јавуваат само во тек на одреден период во годината. Во тој случај станува збор за алергиски ринитис кој е предизвикан од поленот на трева, дрвја и корови. Кај други луѓе симптомите на алергиски ринитис можат да се јават во тек на целата година. Тогаш зборуваме за целогодишен или несезонски или перинеален ринитис кој е предизвикан од домашна прашина, влакна од животни или пердуви, плесен од габички и некои лекови.

Според податоците на Светската здравствена организација од 10 до 25% од светското население боледува од некој облик на алергиски ринитис.

ЗАТНАТ НОС ПОРАДИ ВОСПАЛЕНИЕ НА СИНУСИТЕ

Синузитот е воспаление на слузницата која ги обложува синусите, т.е. шуплината внатре во коските на главата, а може да биде последица од настинка, воспаление на ждрелото или алергија.

Акутниот синузит кој трае најчесто до 3 седмици, е предизвикан од бактерии или вируси, а поретко и од габички. Најчести бактериски причинители на синузит се бактериите, кои се присутни на слузницата на горните дишни патишта, тие се активираат при што доведуваат до заболување, т.е. до воспаление на синусите во услови на нарушена вентилација на синусите, намалување на отпорноста и сл.

Хроничниот синузит трае подолго од 3 седмици и се јавува како последица на чести акутни воспаленија кои не се лекуваат адекватно, на кои повеќе се склони особи кои патат од алергии на респираторниот тракт.

Затнатиот нос е чест симптом на воспаление на синусите пропратен со болка и чувство на тежина во регијата на носот.

ЗАВИСНОСТ ОД ОДРЕДЕНИ ЛЕКОВИ ЗА НОС

Во некои случаи, поради неконтролирано и прекумерно користење на одредени капки или спрејови за нос, можат да настанат проблеми во функционирањето на носот, како што се оток на носот и затнат нос, отежнато дишење, трајно сушење на слузницата на носот и хронично затнување на носот. Капки или спрејови за нос кои можат да доведат до овие пореметувања содржат хемиски компоненти кои се нарекуваат т.н. локални деконгестиви, кои делуваат на начин што влијаат на стегнување на малите крвни садови во слузницата на носот, како резултат на што се намалува отокот на слузницата на носот и олеснето дишење. Многу луѓе кои имаат проблем со затнат нос често неконтролирано и долготрајно ги применуваат овој вид на лекови за нос. После користење на споменатите капки и спрејови за нос, откако ќе престане дејството на компонентите во нивниот состав, доаѓа до дополнително ширење на малите крвни садови во слузницата на носот поради што секој пат дополнително се влошува состојбата т.е. после секое наредно користење отокот на слузницата на носот се зголемува, а дишењето дополнително се влошува. Исто така, со долготрајно користење без контрола доаѓа до трајно сушење на слузницата на носот и хронично затнување. Поради тоа употребата на овој вид на лекови се препорачува во траење од два до три дена, но никако подолго од десет дена. Доколку особата која ги има наведените проблеми и затнатиот нос повторно го лекува со овој вид на лекови, се развива зависност на носната слузница која се карактеризира со висок степен на сувост и надразнетост, што е познато како медикаментозен ринитис (воспаление на слузницата на носот предизвикана со лекови). Оваа состојба како последица има трајно нарушување на функцијата на носот. Примена на овој вид на лекови не се препорачува кај особи кои имаат висок крвен притисок, особи кои се заболени со шеќерна болест, срцеви заболувања, болести на штитната жлезда, исто така не се препорачува да се користат кај трудници. LYNASE® спрејот, бидејќи не влегува во групата на класични деконгестиви, се препорачува да се користи кај особи кај кои употребата на класичните деконгестиви не е одобрена.

СПРЕЧУВАЊЕ НА ИНФЕКЦИЈА НА УВО, НОС И ГРЛО

Анатомската близина на увото, грлото и носот, како и структурната припадност во заеднички, ист дел од телото, ги прави болестите на уво, грло и нос често меѓусебно поврзани. Тоа значи дека воспалението на еден дел на оваа целина предизвикан од вируси или бактерии, на пр. увото, може за кратко време да се пренесе на соседните делови, т.е. на грлото и/или носот.

ДНЕВНА ХИГИЕНА

Со оглед на фактот дека носот е почетен дел на респираторниот систем, постојано е изложен дејство на прашина и нечистотии од воздухот, дејство на алергени, напад на различни инфективни причинители кои предизвикуваат заболување, јасно е зошто одржувањето на здрав нос и носна шуплина е од голема важност за нашето целокупно здравје. Кога постои недостаток на влага во слузницата на носот, слузницата ја губи својата заштитна функција, носните проодни канали стануваат суви,  надразнети и поради тоа честопати болни. Таква сува и надразнета слузница не е во состојба да врши функција на чистење поради што станува подложна на појава на заболување. Таквата слузница станува помалку отпорна на дејство на различни штетни фактори од надворешната средина. Симптомите и знаците кои се јавуваат како последица на исушена слузница се: чешање, печење, кивање, стварање на крусти и крварење. Оштетувањето на слузницата настанува поради надворешни влијанија како што се загаден воздух, влага, централно греење, лоша исхрана, алергени, опаѓање на имунитетот...

DNEVNA HIGIJENA

На состојбата на слузницата на носот, може да влијаат и некои лекови како на пр. назални деконгестиви, разни хируршки зафати во носот и на носот, настинки, грип, носни полипи, синуситис, вазомоторен ринитис и сл.

Сите тие фактори негативно влијаат на слузницата на носот, при што таа не може да ја одржува својата нормална функција, со што се олеснува навлегувањето на причинителот на заболувањето во организмот. Затоа е многу важно да се одржува секојдневна хигиена на носот. Под поимот хигиена на нос се подразбира одржување на проодноста во носот со редовно навлажнување на слузницата на носот со употреба на физиолошки раствор, Некои спрејови за нос содржат физиолошки раствор, а некои од нив се збогатени и со други состојки кои му овозможуваат на носот дополнителна заштита. Дневната хигиена на носот би требало да биде дел од нашата секојдневна рутина како што е миење на раце или миење на заби, а посебно внимание треба да и посветат особите кои се склони кон алергија, респираторни инфекции, особите кои често имаат сува слузница на носот, како и децата во првите месеци од животот бидејќи дишат исклучиво преку носот.